• понеделник, 23 декември 2024

Приведен 29-годишен скопјанец осомничен за крадење паричници и мобилни телефони

Приведен 29-годишен скопјанец осомничен за крадење паричници и мобилни телефони

Скопје, 21 април 2023 (МИА) - На подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар, вчера во 13.25 часот го лишиле од слобода А.А., на возраст од 29 години, од Скопје. Има основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршена на 15 април на подрачјето на Центар, каде со употреба на физичка сила одзел паричник од 71-годишна скопјанка, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Исто така, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево, во текот на вчерашниот ден, извршиле службен разговор со пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од КЗ на РСМ, извршено на 13 април на подрачјето на Аеродром врз 88-годишен скопјанец, од кого одзел паричник и два мобилни телефона, се наведува во соопштението.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. бд/дма/

ФОТО: Архива

Остани поврзан