• среда, 24 јули 2024

Приведен ученик поради објава на социјална мрежа со закана по живот кон професори

Приведен ученик поради објава на социјална мрежа со закана по живот кон професори

Скопје, 6 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје вчера привеле 16 годишен малолетник - ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори.

Од МВР за МИА информираат дека е известен јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста. цр/

Фото:МИА

Остани поврзан