Приведен унгарски државјанин на Граничен премин Табановце, пронајдена е дрога во возилото кое го управувал
- На Граничен премин Табановце, вчера утрото полициски службеници го лишиле од слобода Ц.З.(47) од Унгарија. При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана.
Скопје, 21 мај 2025 (МИА) - На Граничен премин Табановце, вчера утрото полициски службеници го лишиле од слобода Ц.З.(47) од Унгарија. При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана.
Како што информираат од МВР, увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/
Фото МИА архива