• среда, 18 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен струмичанец кој управувал возило под дејство на алкохол

Приведен струмичанец кој управувал возило под дејство на алкохол

Скопје, 11 април 2025 (МИА) - Во Штип синоќа во 19.45 часот на улица „Гоце Делчев “ полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.П.(51) од Струмица.

Како што соопштија денеска од МВР, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,19 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан