• недела, 22 декември 2024

Приведен сопственик на угостителски објект во Гостивар, при претрес пронајдена дрога

Приведен сопственик на угостителски објект во Гостивар, при претрес пронајдена дрога

Скопје, 2 март 2024 (МИА) -  Полицијата ноќеска во 01.45 часот го лишила од слобода Б.Ѓ.(34) од Гостивар, откако при претрес во неговиот угостителски објект и во помошни простории од објектот во Гостивар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и повеќе предмети со остатоци од кокаин.

- Б.Ѓ. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.лв/

Остани поврзан