Приведен сопственикот на дискотеката во Кочани, лиценцата на дискотеката била до 24 март
- Сопственикот на дискотеката во која се случи пожарот во Кочани, во која загина 51 лице, е приведен.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Сопственикот на дискотеката во која се случи пожарот во Кочани, во која загина 51 лице, е приведен.
Според информации на МИА, приватната дискотека каде што се случи пожарот во Кочани работела повеќе години, а приведениот сопственик бил постојано во сопственичката структура на објектот.
Лиценцата за работа на дискотеката и истекувала на 24 март. ев/бак/
Фото: МИА архива