• недела, 22 декември 2024

Приведен скопјанец за издржување на двегодишна затворска казна

Приведен скопјанец за издржување на двегодишна затворска казна

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) -  Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера на улицата  „Финска“ го лишиле од слобода Х.Д.(21) од Скопје.

Тој, како што известуваат денеска од МВР,  бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна  од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236. од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на казната. љм/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан