• недела, 22 декември 2024

Приведен разбојник од Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци

Приведен разбојник од Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 10.30 часот на ул.„Аврам Писевски“ во Скопје, го лишиле од слобода М.М.(31) од Скопје, соопшти МВР.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

- Лицето било предадено во Полициската станица Бит Пазар, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната, соопштија од МВР. цр/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан