• четврток, 09 мај 2024

Приведен разбојник во Чаир

Приведен разбојник во Чаир
Скопје, 6 март 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден на подрачје на Чаир од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Ш.А.(38) од Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи лицето  Ш.А на Р.Т.(62) од Скопје околу 02 часот истиот ден кај трговски центар на подрачје на Чаир насилно му одземал пари и мобилен телефон. Известен е јавен обвинител, а кај сторителот се пронајдени пари кои потекнуваат од извршеното кривично дело и истиот го признал делото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. свс/сп/

Остани поврзан