• недела, 21 јули 2024

Приведен разбојник во Велес, украденото ќе биде вратено на сопственичката

Приведен разбојник во Велес, украденото ќе биде вратено на сопственичката

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од велешкото СВР денеска, околу 16 часот, го лишиле од слобода велешанецот С.Д. (42), кој малку време пред тоа на улица „Илинденска“ во Велес, извршил разбојништво врз Б.Л. (69) од која со употреба на сила одзел златно ланче, известуваат од МВР.

- Ланчето е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката, велат од МВР.

С.Д. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ир/дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан