Приведен малолетник од Куманово поради кражба
- Малолетник од Куманово во текот на вчерашниот ден бил приведен поради кражба, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Малолетник од Куманово во текот на вчерашниот ден бил приведен поради кражба, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР - Куманово лишиле од слобода малолетник поради сомнение дека од приватен имот на улица „6 Април“ во градот, одзел повеќе предмети, појаснуваат од МВР.
Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што додаваат, против него ќе следува соодветна пријава. бд/дма/
Фото: МИА архива