• понеделник, 23 декември 2024

Приведен кумановец за злоупотреба на туѓа платежна картичка

Приведен кумановец за злоупотреба на туѓа платежна картичка

Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Кумановската полиција вчера во 09.30 часот го лишила од слобода кумановецот Р.Х. (48), кој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40-годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари.

Како што информираат од МВР, платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. сст/сп/

фото МИА архива

Остани поврзан