• петок, 10 мај 2024

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - МВР соопшти дека вечерва околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково - Богданци, полициски службеници го лишиле од слобода М.С. (63) од Скопје, кој во товарно моторно возило „ман“ со скопски регистерски таблички превезувал 11 мигранти од Сирија.

Откако возилото било запрено, од страна на полициските службеници бил воочен бункер меѓу кабината и товарниот дел, каде по детален преглед биле пронајдени мигрантите.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. мч/дма/

фото: МВР

Остани поврзан