• петок, 10 мај 2024

Приведен криумчар на мигранти во Гевгелија, пронајдени осум лица од Сирија

Приведен криумчар на мигранти во Гевгелија, пронајдени осум лица од Сирија

Скопје, 10 февруари 2024 (МИА) - Денеска во 17.30 часот во близина на хотел во Гевгелија полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГН и ГП Богородица го лишија од слобода М.С. (28) од Гевгелија.

Како што соопшти МВР, при контрола на возило „фиат“ што тој го управувал, пронајдени се осум лица- илегални мигранти од Сирија.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан