Приведен криминалец од Прилеп баран со потерница за доиздржување казна затвор
- Полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица од општа надлежност Прилеп, денеска во Прилеп го лишиле од слобода дваесет и осумгодишниот прилепчанец Е.М.

Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица од општа надлежност Прилеп, денеска во Прилеп го лишиле од слобода дваесет и осумгодишниот прилепчанец Е.М.
Како што информираат од МВР, тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казна затвор од две години и два месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „разбојништво“.
-Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на затворската казна, велат од МВР. дма/нд/