• четврток, 02 јануари 2025

Приведен криминалец од Грчец баран со потерница

Приведен криминалец од Грчец баран со потерница

Скопје, 30 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, вчера го лишиле од слобода Б.Љ.(33) од скопското село Грчец, кој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за издржување мерка притвор поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 став 3 од Кривичниот законик.  

Како што соопшти денеска МВР, лицето било спроведенo во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан