• петок, 22 ноември 2024

Приведен криминалец во Куманово, баран за шестгодишна затворска казна     

Приведен криминалец во Куманово, баран за шестгодишна затворска казна     
Скопје, 17 април 2022 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово вчера во 21:00 часот го лишиле од слобода И. С (32) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница за издржување казна затвор од 6 години за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик. Лицето, како што информираат од МВР, е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. аа/

Остани поврзан