• петок, 22 ноември 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Синоќа во 23 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р. (28) од Куманово, соопшти денеска МВР.

Тој бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот закони, а бил баран по потерница за доиздржување на една година и четири месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено поправна установа Затвор К’шање за доиздржување на казната. цр/

Фото: МИА архива
 

Остани поврзан