• сабота, 23 ноември 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Во скопското село Горно Соње денеска во 12.20 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.В.(46) од Куманово, со живеалиште во Скопје.

МВР соопшти дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци, за сторено кривично дело по член 131 став 1 од Кривичниот законик.

- Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, се вели во соопштението од МВР. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан