• среда, 10 април 2024

Приведен крадец во Скопје за издржување казна затвор од три години

Приведен крадец во Скопје за издржување казна затвор од три години

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 06.55 часотна ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, го привеле О.Б.(58) од скопското село Огњанци, соопштија денеска од МВР.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

- Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната, се појаснува во соопштението од МВР. цр/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан