• петок, 15 ноември 2024

Приведен крадец во Гостивар      

Приведен крадец во Гостивар      

Скопје, 13 март 2024 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17 часот и 30 минути на улица „Илинденска“ во Гостивар го лишиле од слобода Џ.А.(64) од Виница, соопштија денеска од МВР.

Тој се сомничи дека претходно во трговски објект на истата улица одзел повеќе предмети.

Во соопштението се додава дека тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан