• четврток, 21 ноември 2024

Приведен крадец во Битола

Приведен крадец во Битола

Скопје, 15 август 2023 (МИА) - Криминалистичката полиција на СВР Битола денеска, по добиени оперативни сознанија, го лиши од слобода А.К.(33) од Дебар со престој во Битола, кај кого се пронајдени предмети од тешката кражба извршена вчера. 

Како што информира МВР, при претрес кај него, со судска наредба, пронајдени се предмети кои потекнуваат од извршена тешка кражба на 14. 08. 2023 во Битола.

По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.вј/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан