• недела, 22 декември 2024

Приведен командирот на ПО Ропотово поради сомнение за предизвикување општа опасност

Приведен командирот на ПО Ропотово поради сомнение за предизвикување општа опасност

Скопје, 27 август 2023 (МИА) -  Е.Р. (30) од село Дебреште, командир на ПО Ропотово, денеска е лишен од слобода и задржан во Полициската станица од општа надлежност  Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е осомничен дека на 19. овој месец на свадба кај негови роднини во семејна куќа во село Дебреште пукал од огнено оружје, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка, велат од МВР.лв/

Остани поврзан