• четврток, 26 март 2026

Приведен кавадарчанец кој со својот автомобил удрил во полициско возило 

Приведен кавадарчанец кој со својот автомобил удрил во полициско возило 

Кавадарци, 1 март 2025 (МИА) - Полициски службеници привеле кавадарчанец, кој со својот автомобил удрил во полициско возило, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

- Вчера во 13.25 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.С.(33) од овој град, затоа што при обид да биде легитимиран, А.С., кој бил во паркирано патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, го стартувал возилото и со него удрил во полициско службено возило, појаснија од СВР Велес. 

По документирање на случајот, против А.С. ќе била поднесена соодветна пријава. свд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан