• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен кавадарчанец, возел под дејство на алкохол

Приведен кавадарчанец, возел под дејство на алкохол

Скопје, 20 април 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кавадарци, ноќеска, два часот по полноќ, на ул. „Страшо Пинџур“ во Кавадарци,  го лишиле од слобода В.С.(25) од општина Росоман.

Како што соопшти МВР, В.С. со неговото патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кавадарци.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, наведуваат од МВР. вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан