• недела, 28 април 2024

Приведен затвореник кој денеска избегал од затвор

Приведен затвореник кој денеска избегал од затвор
Скопје, 11 февруари 2023 (МИА) - На подрачјето на Гази Баба денеска во 14.20 часот на ул.„Маџари", од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Џ.Д.(24) од Скопје.
 
Како што информираа од МВР, за него била распишана локална потерница по објава од Полициска станица Чаир, каде во 12.00 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје.
 
Лицето е приведено во Полициска станица Гази Баба, а потоа спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната. цр/хс/
 

Остани поврзан