Приведен жител на Арачиново по потерница за кривични дела
- Како што соопшти МВР, Ј.Б. е предаден на КПУ „Затвор Скопје".
Скопје, 27 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници по претходно преземени оперативно тактички мерки, денеска околу 13:35 часот во село Арачиново, го лишиле од слобода дваесет и осумгодишниот Ј.Б. од село Арачиново, кој бил баран со централна потерница по наредба на ОЈО ГОКК Скопје во врска со кривично дело по член 258 ст.2 од КЗ и по чл.144 од КЗ.
Како што соопшти МВР, Ј.Б. е предаден на КПУ „Затвор Скопје". дма/сст/
Фото: МИА архива