• недела, 22 декември 2024

Приведен државјанин од Турција заради фалсификуван зелен картон

Приведен државјанин од Турција заради фалсификуван зелен картон
Скопје, 10 март 2021 (МИА) - На граничниот премин „Деве Баир“ вчера приведен е државјанин на Република Турција поради фалсификуван зелен картон. - Вчера во 10:30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ од слобода бил лишен О.А.(39) од Република Турција бидејќи при извршена проверка било констатирано дека постои основано сомнение дека зелениот картон е фалсификуван, соопшти денеска МВР. Од Министерството велат дека лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.фф/скс/

Остани поврзан