Приведен дилер од Штип, при претрес пронајдена дрога
- Полициски службеници од СВР Штип денеска го лишиле од слобода М.Д.(34) од Штип.
Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Штип денеска го лишиле од слобода М. Д. (34) од Штип.
Како што информираат од МВР, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Штип, извршен е претрес во дом и помошни простории кај М.Д., при што е пронајдена марихуана.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. дма/аа/
Фото: МВР