• петок, 08 ноември 2024

Приведен вработен на „Градски паркинг“-Тетово, претријатието смета дека тоа е неосновано

Приведен вработен на „Градски паркинг“-Тетово, претријатието смета дека тоа е неосновано

Тетово, 31 јануари 2022 (МИА) - Тетовската полиција информираше дека претпладнево е приведен вработен во Јавно претријатие „Градски паркинг“ обраложувајќи дека тоа е направено поради расправање и омаловажување на полицаец. Од „Градски паркинг“ реагираат и тврдат дека приведувањето е направено неосновано за што, како што велат, ќе поднесат соодветна претставка.

-Денеска (31 јануари) во 10 часот и 20 минути Г.Н.(40) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на необележано место од ЈП „Паркинзи“ во Тетово го паркирал неговото возило и дека од ова претпријатие, според него, незаконски му поставиле блокатор на тркалото. Веднаш е постапено по пријавената поплака и испратени се полициски службеници на посоченото место, на кое во меѓувреме пристигнал и претставникот од Јавното претпријатие „Паркинзи“  З.П.(39), исто така од Тетово, кој најпрво вербално се расправал, а потоа ги навредувал и омаловажувал при преземање на службени дејствија. З.П. околу 11 часот и 20 минути приведен е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

ЈП „Градски паркинг“ - Тетово испрати соопштение до медиумите во кое вели дека остро реагира на денешното приведување на нивен вработен во претпријатието од страна на полициски службеници.

-Вработениот бил приведен со образложение дека омаловажувал полицаец и задржан во притвор повеќе од четири часа. Претпладнето, сопственик на возило се пожалил дека тоа му е блокирано, а за паркингот воопшто не извршил плаќање. Повикал полиција, па откако дошле двајца службеници, вработениот на паркинг му објаснил на едниот од нив за што се работи, на што полицаецот изреагирал дека не си ја вршат работата како што треба и настанала вербална расправија. ЈП „Градски паркинг“ продолжува професионално да си ја извршува својата работа, за подобар сообраќаен проток, поголем ред, а со тоа и безбедност на граѓаните, се вели во соопштението.

Од претријатиете истакнаа дека ќе поднесат претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални услуги при МВР за неосновано и предолго задржување во притвор на нивниот вработен и ќе бараат правично расветлување на случајот. ас/мд/

Остани поврзан