• понеделник, 22 декември 2025

Приведен возач од Злетово, управувал пијан и излетал од патот

Приведен возач од Злетово, управувал пијан и излетал од патот

Злетово, 2 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Пробиштип го привеле 64-годишниот В.Ј. од Злетово, откако управувал возило под дејство на алкохол и излетал од коловозот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 20 часот на регионалниот пат помеѓу селата Лесново и Злетово, кога возачот, управувајќи патничко возило марка „Шевролет Спарк“, изгубил контрола и излетал од патот.

При увидот, полицијата утврдила дека В.Ј. бил под дејство на алкохол – во крвта му биле измерени 1.81 промили.

По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“. ар/дма/


Фото:МИА архива 

Остани поврзан