• петок, 05 декември 2025

Приведен валандовец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Приведен валандовец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - На улицата „Првомајска“ во Валандово, вчера напладне, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.Д. (59) од Валандово, кој управувал со возило пијан при што удрил во столб.

Имено, претходно тој со патничко возило „сеат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во столб, а по преземени мерки и вршење увид, полициските службеници констатирале дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,60 промили алкохол во крвта. 

Тој веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. сст/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан