• недела, 22 декември 2024

Приведен албански државјанин поради незаконит риболов

Приведен албански државјанин поради незаконит риболов

Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) - Во водите на Охридското Езеро, спроти туристичката населба Свети Стефан, вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро го лишиле од слобода И.Ц.(63) од Република Албанија, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ и прекршок „илегално преминување на државна граница“.

Како што соопштија од МВР, со него бил извршен службен разговор, по што бил предаден во Основен суд Охрид за понатамошна постапка, а уловот бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор - Охрид. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бт/аа/

 Фото: МИА Архива

Остани поврзан