• вторник, 25 јуни 2024

Приведено 34-годишно лице од Сарај, осудено на пет години затвор

Приведено 34-годишно лице од Сарај, осудено на пет години затвор

Скопје, 16 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативниот тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, синоќа во 20:45 часот на улицата „Скоевска“, го лишиле од слобода С.С., на возраст од 34 години од селото Арнакија.

- Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а за него била распишана централна потерница по наредба на Казнено - поправната установа Затвор Идризово, каде имал за доиздржување уште две години и осум месеци од казната, се појаснува во денешното соопштение од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е спроведено во затворот „Идризово“ за доиздржување на казната. бд/бак/

Фото: Архива

Остани поврзан