Приведено лице од прилепско село за предизвикување пожар
- Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.
Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Поради сомнение дека предизвикал пожар, полициски службеници од ОВР - Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор - Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ, вчера го лишиле од слобода Г.К., на возраст од 54 години од селото Штавица.
- Околу девет часот, тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор, го признал делото, пишува во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи.
Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема. Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. бд/дма/
Фото: МИА архива