• понеделник, 23 декември 2024

Приведено лице од кумановско при обид за илегален влез во државата

Приведено лице од кумановско при обид за илегален влез во државата

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа во 21 часот,  го лишиле од слобода З.М., на возраст од 44 години, од село Черкези, кумановско, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

- Во атар на село Злокуќане, липковско, тој бил затекнат при обид илегално да оствари влез од Косово во Република Северна Македонија, со возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки. Додека, при преглед во возилото, биле пронајдени производи без потребната документација, се појаснува во соопштението.

Пронајденото било одземено и предадено на Царинската управа за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан