• петок, 05 декември 2025

Приведено лице од кавадаречко село, пријавено за закани кон поранешната сопруга и нејзината мајка

Приведено лице од кавадаречко село, пријавено за закани кон поранешната сопруга и нејзината мајка

Kавадарци, 19 август 2025 (МИА) - Полициски службеници синоќа во 20:50 часот го лишиле од слобода С.А., на возраст од 48 години од кавадаречко село. Тие постапиле по претходна пријава од неговата поранешна 48-годишна сопруга, дека во домот на нејзината мајка во Неготино, тропал на влезната врата, им се заканувал и се обидел да влезе со употраба на сила, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

С.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, како што додаваат, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходно, во 14 часот во ОВР - Кавадарци, К.С., 54-годишен кавадарчанец, пријавил дека во дворот од неговиот дом во кавадаречко село, неговите соседи Ќ.С. и И.С. му се заканувале. 

-Се преземаат мерки за расчистување на настанот, истакнуваат од СВР - Велес. свд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан