• четврток, 14 ноември 2024

Приведено лице од Битолско поради предизвикување пожар

Приведено лице од Битолско поради предизвикување пожар

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Во битолското село Кременица синоќа во 19.20 часот полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од село Кременица.

МВР денеска соопшти дека тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.

- При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава, соопштија од МВР. цр/сст/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан