• понеделник, 23 декември 2024

Приведено лице за предизвикување општа опасност во демирхисарско      

Приведено лице за предизвикување општа опасност во демирхисарско      

Скопје, 31 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Демир Хиса рвчера го лишиле од слобода С.Ф.(36) од село Суводол, демирхисарско, соопштија денеска од МВР.

- Имено, во ОВР Демир Хисар Н.С.(41) од село Суводол пријавила дека била опожарена влезната врата од нејзиниот продажен објект во село Суводол, а по преземени мерки и извршените оперативни проверки било констатирано дека сторител е С.Ф., се појаснува во соопштението.

Во службен разговор тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. цр/нд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан