Приведено лице барано по две централни потерници за затвор од една година, 11 месеци и 20 дена
- Полицијата вчера го лишила од слобода Г.Г. (46) од Скопје за кој имало распишано две централни потерници по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за вкупна затворска казна од една година, 11 месеци и 20 дена за сторени кривични дела во врска со член 297 и член 235 од КЗ, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 28 мај 2025 (МИА) - Полицијата вчера го лишила од слобода Г.Г. (46) од Скопје за кој имало распишано две централни потерници по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за вкупна затворска казна од една година, 11 месеци и 20 дена за сторени кривични дела во врска со член 297 и член 235 од КЗ, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Г.Г. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.лв/
фото:МИА архива