• недела, 22 декември 2024

Приведен крадец од Скопје

Приведен крадец од Скопје
Скопје, 31 јули 2021 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – ЕВР – ОКР Центар и Бит Пазар денеска го лишиле од слобода Д.К.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Кражба“, извршена на 26 јули, при што од маркет во трговски центар одземал повеќе производи.
Лицето е приведено и по извршениот службен разговорот Д.К. во целост го признал и го појаснил начинот на извршување на делото што соодветствува со обезбедените материјални докази.
По комплетно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик. нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан