• недела, 07 јули 2024

Приведени четворица осомничени разбојници во Куманово

Приведени четворица осомничени разбојници во Куманово

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) - Кумановската полиција вчера приведе четворица кумановчани осомничени за физички напад врз нивна сограѓанка.

Како што денеска информира МВР, четворицата приведени - И.С.(20), С.С.(20), Н.К.(21) и М.К.(19), се сомничат дека околу 01.30 часот на улица „Моша Пијаде“ во Куманово физички ја нападнале 72-годишната С.Т. и ѝ одзеле чанта.

Лицата биле приведени во 03.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава. цр/сп/

фото:МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан