• среда, 17 јули 2024

Приведени тројца дрвокрадци од Неготинско, пронајдени околу 28 метри кубни огревно дрво без документација

Приведени тројца дрвокрадци од Неготинско, пронајдени околу 28 метри кубни огревно дрво без документација

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - На место викано „Бела Вода“, атар на неготинското село Калањево, вчера во 17.30 часот полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода Х.Ч.(27) од Неготино, С.С.(68) и А.А.(56) од село Тимјаник, неготинско, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 став 3 од Кривичниот законик.

При преглед на теренот, информираа денеска од МВР, во дворно место од викенд куќа на Х.Ч. биле пронајдени околу 12 кубни метри огревно дрво без документација, пила и други предмети поврзани со делото. Во близина, исто така, биле пронајдени и две тракторски приколки натоварени со околу 10 кубни метри огревно дрво, сопственост на С.С. и А.А., и дополнително околу шест кубни метри дрво во близина на приколките, сите без документација.

За настанот била известена Шумска полиција, а дрвата, приколките и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/

Фото:МВР

Остани поврзан