Приведени осомничени дрвокрадци во Сирково
- Во атарот на село Сирково, општина Росоман синоќа полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ. (58), Д.П. (60), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ.(65) од Кавадарци, во чии приколки од трактори биле пронајдени огревни дрва без жиг.

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Во атарот на село Сирково, општина Росоман синоќа полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ. (58), Д.П. (60), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ. (65) од Кавадарци, во чии приколки од трактори биле пронајдени огревни дрва без жиг.
-При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг, информираат од МВР.
Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. сст/дма/
фото МИА архива