• вторник, 19 ноември 2024

Приведени осомничените за нападот на кошаркарот Швед

Приведени осомничените за нападот на кошаркарот Швед

Москва, 5 мај 2023 (МИА) - Официјалниот претставник на руското Министерство за внатрешни работи Ирина Волк изјави дека полицајците ги привеле осомничените за нападот врз кошаркарот на ЦСКА, Алексеј Швед во центарот на Москва.

 

-Во Москва, полицијата приведе осомничени за нападот на кошаркарот Алексеј Швед - ги цитира зборовите на Волк ТАСС.

 

Ноќта на 2 мај непознати лица го претепале кошаркарот на ЦСКА Алексеј Швед во близина на еден ресторан. Со трауматска повреда на главата бил однесен во хируршкото одделение на една од московските клиники.

 

Според „Телеграм 112“, кошаркарот има многу сериозни повреди.

 

Швед игра за ЦСКА од 2021 година, а исто така играше за клубот од 2005 до 2012 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан