Приведени дрвокрадци во скопско
- Полицијата синоќа во атарот на село Трубарево ги лишила од слобода С.А.(21) и еден малолетник, двајцата од Трубарево и Б.Д.(46) од Скопје, затекнати при вршење бесправна сеча на дрва.

Скопје, 9 декември 2024 (МИА) - Полицијата синоќа во атарот на село Трубарево ги лишила од слобода С.А.(21) и еден малолетник, двајцата од Трубарево и Б.Д.(46) од Скопје, затекнати при вршење бесправна сеча на дрва.
МВР соопшти дека дрвата и моторната пила биле одземени и предадени на Шумска полиција.
По целосно документирање на случајот, против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава.лв/
фото: МИА архива