Приведени две лица поради давање поткуп, пронајдена и дрога
- МВР информира дека вчера, во 09.20 часот, на Граничниот премин Белановце, на влез во РСМ, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Ј.(65), возач, и Е.Р.(38), совозач, двајцата од Р.Албанија, кои биле со патничко моторно возило „пежо“ со албански национални ознаки.
Скопје, 25 февруари 2023 (МИА) - МВР информира дека вчера, во 09.20 часот, на Граничниот премин Белановце, на влез во РСМ, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Ј.(65), возач, и Е.Р.(38), совозач, двајцата од Р.Албанија, кои биле со патничко моторно возило „пежо“ со албански национални ознаки. Лицата биле приведени поради давање поткуп, а во нивниот автомобил била пронајдена и дрога.
-Имено, при вршење на пасошка контрола Е.Р. дошол до кабината каде на полициски службеник му дал патни исправи и зелен картон. При проверка на документите, полицискиот службеник забележал дека во зелениот картон била ставена една банкнота од 10 евра, по што Е.Р. рекол дека тие се за него за да го пушти, бидејќи бил истечен рокот на зелениот картон. Е.Р. веднаш бил лишен од слобода. При извршен преглед на моторното возило било пронајдена и марихуана и една дробилица, известуваат од МВР.
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по чл.358 и чл.215 од КЗ на РСМ Е.Р. и Г.Ј. се лишени од слобода.
-Известен бил Јавен обвинител и тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка односно за поднесување соодветна кривична пријава, соопштуваат од министерството. ам/ир