• сабота, 21 декември 2024

Приведени две лица од Прилеп за извршено разбојништво врз нивни сограѓанин

Приведени две лица од Прилеп за извршено разбојништво врз нивни сограѓанин

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 21 часот во Прилеп ги лишиле од слобода А.А.(20) и В.А.(22), двајцата од Прилеп.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тие се осомничени дека околу 16.30 часот во Прилеп физички го нападнале А.Ш.(30) од Прилеп и му одзеле пари.

-Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 237 од Кривичниот законик, соопшти МВР. хс/дма/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан