Приведени две лица во Миравци, во возилото пронајдени петмина мигранти
- На автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучка Миравци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ, синоќа ги лишиле од слобода Б.Ј.(30) и Б.З.(26), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Скопје, 14 септември 2023 ( МИА) - На автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучка Миравци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ, синоќа ги лишиле од слобода Б.Ј.(30) и Б.З.(26), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Како што соопшти денеска МВР, тие биле забележани со патнички возила „фолксваген голф“ и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, а кај клучка Миравци, возилата била запрени и при преглед во возилото „голф“, кое го управувал Б.Ј., биле пронајдени пет лица мигранти (четири од Сирија и еден од Авганистан).
Мигрантите биле сместени во прифатни центри во Скопје и Гевгелија, а лицата биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, додава МВР. љм/нд/
Фото: МИА архива