Приведени две лица барани со потерница
- На различни локации во Скопје денеска се приведени две лица барани со потерници. Едното лице е приведено на територија на општина Центар, а другото на територија на Аеродром.

Скопје, 14 мај 2025 (МИА) - На различни локации во Скопје денеска се приведени две лица барани со потерници. Едното лице е приведено на територија на општина Центар, а другото на територија на Аеродром.
- На територија на Центар лишен од слобода е С.Р.(75) од Скопје, баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од четири години по член 357 ст.6 во врска со ст.1 од КЗ. На територија на Аеродром е лишена од слобода М.М.(29) од Скопје, барана со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна по член 297 ст.1 од КЗ, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.
Лицата ќе бидат спроведени во надлежните казнено поправни установи. бак/
Фото: МИА архива